Објавено на:

СЗО: Најмалку 64 лица, вклучувајќи деца, загинаа во напад врз болница во Судан

t

Во напад врз болница во Судан загинаа најмалку 64 лица, вклучувајќи деца, медицински персонал и пациенти, соопшти синоќа генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

Нападот врз Универзитетската болница „Ал Дејн“, во Источен Дарфур, беше извршен завчера. Болницата престана да работи, откако е прекинат пристапот до основните медицински услуги во градот, рече Гебрејесус во публикација на мрежата „Икс“.

Судан останува поделен на два дела речиси три години по почетокот на конфликтот меѓу редовната армија и паравоените Сили за брза поддршка (СБП).

Покрај тоа што редовната армија, која се бори против СБП, објави во март минатата година дека воспоставила целосна контрола врз главниот град Картум, паравоената организација, заедно со своите сојузници продолжува да контролира делови од Судан. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 1.120 цивили загинаa во напади со…

Најмалку 1.120 цивили загинаа во напади со…

Двегодишно дете затруено со лекови, хоспитализирано во…

Двегодишно дете од кумановско село било донесено…

СЗО: Случаите на рак на глобално ниво…

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека…

СЗО: Повеќе од 1.300 починати од топлотниот…

Европа би можела да биде погодена од…

Горештините се закана по јавното здравје и…

Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО),…