Силен земјотрес во Иран, најмалку три лица загинаа, неколкумина се повредени
Најмалку три лица загинаа рано утринава во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер во јужен Иран, јави државната телевизија.
„За жал, досега имавме три смртни случаи и осум повредени“, изјави за телевизија Мехрдад Хасанзадех, шеф на управата за вонредни состојби во провинцијата Хормузган на брегот на Персискиот Залив.
Иранските медиуми објавија дека јачината на земјотресот е 6,1 степени, додека Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека бил со јачина од 6,0 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.
Иран претрпе неколку разорни земјотреси во последниве години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…
Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…
Иран подготвува нова стратегија за напади врз…
Иран започнал да применува нова стратегија за…
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
Храната поскапи за 128% – Иранската валута…
Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…