Објавено на:

Силен земјотрес во Јапонија, срушени се куќи!

t

Земјотрес со јачина од 6 степени според јапонската сеизмолошка скала утрово го погоди јапонскиот полуостров Ното во префектурата Ишикава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.


Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, а по 10 минути следел уште еден земјотрес со јачина од 4,8 степени на истиот полуостров, пренесува Kyodo.
Пет куќи се урнаа во градот Вуџијама, а мала промена на нивото на морето е забележана во близина на градот Сузу, иако не е издадено предупредување за цунами, соопшти агенцијата.
За разлика од Рихтеровата скала, јапонската сеизмолошка скала не ја опишува точната јачина на земјотресот, туку степенот на тресење во случај на земјотрес.


Според таа скала, земјотрес со јачина од 6 степени значи дека е речиси невозможно да се застане или да се движи освен со лазење и дека најголемиот дел од мебелот ќе се движи и повеќето предмети ќе паднат во моментот на земјотресот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на луѓе постари од 100 години…

Бројот на луѓе постари од 100 години…

Во Токио се подготвува „Брза помош“ за…

На улиците на Токио наскоро би можело…

На 115 години почина најстарата докторка на…

Јапонија се збогува со д-р Шигеко Кагава,…

Америка ќе распоредува ракети во Јапонија —…

Русија денеска ги осуди претстојните заеднички воени…

(Видео) Први снимки од земјотресот во Колумбија,…

Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени…