Силен земјотрес повторно ја погоди Турција
Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди денеска јужната турска провинција Адана, јавува Анадолија.
Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил регистриран во областа Сајбејли на длабочина од 6,67 километри.
Потресот беше почувствуван во поширок регион на југот на Турција, кој беше погоден од разорни земјотреси во февруари.
Гувернерот на Адана Сулејман Елбан изјави за Анадолија дека засега нема информации за последиците од земјотресот и дека надлежните екипи се на терен, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…