Објавено на:

Силен земјотрес ја погоди Адана!

t

Земјотрес со јачина од 4,2 степени е регистриран денеска во јужниот турски округ Адана, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), цитирана од Anadolu Agency.

Адана беше меѓу најтешко погодените области во Турција во разорните земјотреси во февруари.

Според податоците на АФАД, земјотресот во 12:37 часот бил со епицентар во Сајмбеили и на длабочина од 7 километри.

Разорните земјотреси во Турција во февруари однесоа животи на 50.500 луѓе, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени ја потресоа југоисточна Турција на 6 февруари. Потреси се почувствувани во 11 турски окрузи и соседни земји, а најмногу настрада Сирија. Штетата од природната катастрофа надмина 100 милијарди долари, соопштија претходно турските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…