Силниот земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија
Земјотрес од 4,2 степени по Рихтер што синоќа 28.02 ја погоди Албанија, бил почувствуван во западните и северозападните делови од Македонија.
Земјотресот се случил околу 18:30 часот, а епицентарот на 28 километри од Елбасан и на 10 километри од Лушња, во Албанија, на длабочина од 5 километри.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера регистрирала земјотрес 184 километри југозападно од Скопје кој потекнува од соседна Република Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…