Силни експлозии одекнаа во Техеран – Израел: Извршуваме голем бран воздушни напади
Израелските воздухопловни сили спроведуваат голем бран воздушни напади врз цели на иранскиот режим во срцето на Техеран, соопшти денес израелската војска (ИДФ), потврдувајќи дека „во текот на изминатиот ден се извршени големи напади за да се воспостави воздушна супериорност и да се отвори патот до Техеран“, објави „Тајмс оф Израел“.
Во меѓувреме, АП објави дека во Техеран се слушнала голема експлозија среде израелските напади врз централните делови на иранската престолнина. Во соопштението на ИДФ објавено на нивниот канал Телеграм се вели дека целите биле владини објекти и се додава дека нападите во текот на изминатиот ден имале за цел да се воспостави воздушна супериорност и да се отвори патот до Техеран, објави „Ал Џезира“.
Израелските медиуми објавија дека над Техеран се издигаат столбови од густ чад. Израелските воени авиони испукале повеќе од 1.200 проектили за време на нападите врз цели во Иран во текот на изминатиот ден, соопшти израелската војска (ИДФ). Според израелската војска, нападите погодиле стотици ирански воени цели, вклучувајќи лансери за балистички ракети и системи за воздушна одбрана, објави „Тајмс оф Израел“.
Амир Саид Иравани, амбасадорот на Иран во Обединетите нации, претходно изјави дека стотици цивили биле убиени или ранети за време на првиот ден од „непровоцираната и однапред смислена агресија од страна на САД и Израел против Иран“. „Постои постојана агресија и ужасни злосторства од страна на режимите на САД и Израел, како и нивно намерно и постојано таргетирање на цивилната инфраструктура. Ова не е само чин на агресија, туку е воено злосторство и злосторство против човештвото“, рече Иравани за време на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН, пренесува АП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Храната поскапи за 128% – Иранската валута…
Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Трамп демантира дека му понудил на Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…