Синдикатот на УКИМ бара за 4 години професорите да имаат 100% повисоки плати

t

Синдикатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ одржа средба со премиерот Димитар Ковачевски и министрите за образование и финансии Јетон Шаќири и Фатмир Бесими во врска со барањето на професорите за постепено зголемување на платите.

По еден час излегоа од Владата со ветување дека од следната година ќе потпишат нов колективен договор и ќе добијат зголемување на платите.

Според Синдикатот македонските професори имаат најниски плати во регионот. Поради тоа се бара постепено зголемување на платите, за 25 отсто годишно, за по четири години да растот да достигне 100 отсто.

Преиерот Ковачевски нагласи дека платите во изминатите 4 годии се зголемени за 20%.

– Владата во изминатите 4 години платите на вработените во високото образование и наука ги зголеми за вкупно 20%. Продолжуваме со детални пресметки и анализи, воспоставување на модел за континуиран раст на платите на вработените на факултетите, но и разгледување на можностите за реорганизација на овие установи со која би станале поатрактивни за студентите.

Денеска со раководството на Синдикатот на УКИМ имавме конструктивен состанок од кој произлегоа корисни заклучоци кои се во насока на унапредување на статусот на вработените на факултетите, но и подобрување на условите за работа и развој на научно истражувачката дејност, напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна пријавувањето за студии на УКИМ, слободни…

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска…

УКИМ продолжува да тоне: Го нема ни…

На штотуку публикуваната листа Глобал 2000 објавена…

Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со…

260.000 од 530.000 работници се со плата…

(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…