Објавено на:

Синот на Бајден на распит во Конгресот на САД

t

Хантер Бајден, синот на претседателот на САД Џо Бајден, денеска неочекувано се појави на Капитол хил каде се одржува распит околу неговото непочитување на барање на конгресна комисија да учествува на сослушување за наводен криминал на претседателот поради поврзаност со неговиот бизнис.

Две конгресни комисии денеска планираа да гласаат за осуда на Бајден помладиот за непочитување на Конгресот.

-Републикански претседавачи денеска наредуваа со резолуција без преседан да осудат некого за непочитување кој се понуди јавно да одговори на сите нивни прашања. Прашањето тука е од што тие се плашат, изјави за новинарите адвокатот на Бајден.

Распитот е последица на одлуката на Бајден да не ги почитува барањата од две конгресни комисии за негов распит зад затворени врати. Распитите се дел од обидот на републиканците да извршат импичмент на претседателот Бајден.

Демократите и синот на Бајден се согласни на распит но под услов тој да биде отворен за јавноста поради страв од селективни протекувања на податоци. Во кратка изјава денеска Хантер Бајден рече дека ќе одговори на сите „легитимни прашања“ од истражителите на Претставничкиот дом.

Републиканците се држат на ставот дека тој не може да ги диктира условите на неговото појавување и дека треба првин да одговори на прашањата „приватно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…