Објавено на:

Син на босански министер уапсен за подметнување пожар

t

Босанската полиција го уапси малолетниот син на министерот за култура на Кантонот Сараево, Кенан Магода под сомнеж за вмешаност во подметнување пожар во фабрика за јахти во Витез, кој истрагата го поврзува организираниот криминал.

Пожарот во фабриката „Дерубис Јахтс“ во Витез избувна на 21 август, а полицијата потврди дека е предизвикана голема материјална штета.

Косопственици на фабриката се познатиот кошаркар Џанан Муса, поранешен НБА играч кој сега е вработен во Дубаи, и Лејла Краљевиќ, која веднаш изјави за медиумите дека верува оти пожарот е подметнат.

„Пожарот дефинитивно беше подметнат“, изјави Краљевиќ за „Дневни аваз“, но не коментираше за можните мотиви, ниту шпекулираше за сторителите или нарачателите.

Сепак, брзата истрага на полицијата наскоро доведе до идентификација на веројатните сторители, а четири лица беа идентификувани како осомничени, од кои двајца се малолетници.

Во објава на социјалните мрежи, Магода ја потврди информацијата дека еден од осомничените е негов син и дека очекува истрагата целосно да открие што се случило, нагласувајќи дека одговорните ќе ги сносат последиците.

„Доколку денес изнесените обвинувања се покажат како точни и доколку се утврди одговорноста на моето дете, како татко ќе барам тој што ќе ги сноси најстрогите последици предвидени со законот“, напиша Магода.

Босански медиуми објавија дека еден од уапсените признал оти биле ангажирани за палењето од извесен Алмедин Ќато од Сараево, лице кое има долго полициско досие. Тој наводно е познат по тоа што ангажирал малолетници да извршуваат „валкана работа“ за подземјето. Сè уште не се јасно мотивите зад подметнувањето на пожарот во Витез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови руски напади ги нарушија интернет и…

Продолжуваат целенасочените руски напади врз клучните точки…

Швајцарците одлучуваат дали ќе останат неутрални

Швајцарските граѓани на референдум ќе одлучат дали…

ВМРО-ДПМНЕ: „На Филипче ништо не му чини…

Венко не може да ги обвинува сите…

Петровска: Нема да чекаме повик. ќе доставиме…

Една изборна единица и отворени листи е…

Сиљановска Давкова ја одликуваше светската научничка по…

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска на…