Сирискиот претседател: Ќе го победиме тероризмот!
Сирискиот претседател Башар ал Асад вети дека ќе го победи тероризмот во земјата без разлика кои се неговите поддржувачи и спонзори, пренесе сириската новинска агенција САНА.
„Тероризмот го разбира само јазикот на силата, а тоа е јазикот со кој ќе го скршиме и уништиме, без разлика на неговите поддржувачи и спонзори“, рекол Асад во телефонски разговор со вршителот на должноста претседател на Абхазија, Бадр Гунба, пренесува агенцијата.
Сирискиот претседател посочи и дека терористите не претставуваат луѓе или институции.
Претходно сириската армија соопшти дека авијацијата извршила серија напади врз конвојот оклопни возила на милитантите на автопатот М-5 Алепо-Дамаск, со што е спречена нивната офанзива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сирија го осуди братучедот на Башар ал-Асад…
Сириски суд го осуди Васим ал-Асад, братучед…
Гутереш повика на укинување на сите санкции…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Гутереш повика на глобална поддршка за Сирија…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Трамп одлучи да го поништи статусот на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го…
Макрон во посета на Сирија, ќе се…
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Сирија…