Сирија доби нова привремена влада
Сирискиот претседател Ахмед ал Шара објави дека е формирана преодна влада и положи заклетва во саботата.
Владата има 23 члена, е верски и етнички разновидна и ќе ја замени привремената влада која беше формирана набргу откако Башар ал Асад беше сменет од власт на почетокот на декември пред четири месеци, јавува АП, пренесува Танјуг.
Преодната влада нема премиер, бидејќи според привремениот устав потпишан од привремениот претседател Ахмад ал Шара на почетокот на овој месец, владата ќе има генерален секретар.
Во новата преодна влада беа именувани нови функционери, освен министрите за надворешни работи Асад ал Шибани и министерот за одбрана Мурхаф Абу Касар, кои ги задржаа позициите што ги имаа во привремената влада.
Новиот сириски министер за внатрешни работи, Анас Хатаб, до неодамна беше шеф на одделот за разузнавање.
Бунтовниците во Сирија, предводени од движењето Хајат Тахрир ал Шам, ја презедоа власта во таа земја во декември минатата година, по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад, објави претходно Ројтерс.
Потоа формираа привремена влада од која западните земји и ОН, меѓу другото, бараат да се почитуваат човековите права и да се вклучат сите етнички заедници кои живеат во таа земја во владините структури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сирија го осуди братучедот на Башар ал-Асад…
Сириски суд го осуди Васим ал-Асад, братучед…
Гутереш повика на укинување на сите санкции…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Гутереш повика на глобална поддршка за Сирија…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Трамп одлучи да го поништи статусот на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го…
Макрон во посета на Сирија, ќе се…
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Сирија…