(Видео) Сите аплаудираа, освен министерот Муртезани по говорот на претседателката Давкова во ОН
По обраќањето на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, пред Генералното собрание на Обединетите Нации, македонската делегација ја поздрави нејзината порака со аплауз – со еден исклучок. Единствен кој не се приклучи беше министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, објави 4NEWS.mk
Според присутните, додека останатите членови на делегацијата аплаудираа, Муртезани цело време беше зафатен со неговиот мобилен телефон и не реагираше на излагањето на претседателката.
Овој негов потег предизвика внимание кај дел од присутните, но и отвори прашања за односите меѓу институциите во контекст на европските интеграции и актуелните политички дебати во земјата.
Додека претседателката ја нагласуваше потребата Македонија да чекори кон ЕУ без нови услови и уставни наметнувања, министерот кој е задолжен токму за европските прашања остана без реакција – сцена што не помина незабележано.
Извор:4њуз
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…
„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…
Нов бран закани за поставени експлозивни направи…
ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…
Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…