Сите нововработени во Центарот за јавно здравје се Албанци
Директорот на Центарот за јавно здравје, Мухамед Демири, преку објава на социјалните мрежи информираше за нови промени во институцијата, придружени со хаштагот #РаботаНеСамоЗборови.
Според неговото соопштение, во Центарот се реализирани осум нови вработувања, како и унапредувања на осум постоечки вработени. Сите нововработени и унапредени кадри се припадници на албанската етничка заедница.
Иако директорот ја истакна бројката и посветеноста на институцијата за зголемување на капацитетите, во објавата не се спомнува вклученост на други заедници, вклучително и македонската. Ова предизвика реакции кај дел од јавноста, кои го поставуваат прашањето за рамноправната застапеност на сите етнички заедници во државните институции.
Центарот за јавно здравје е важна установа во здравствениот систем, а ваквите процеси на вработувања и унапредувања секогаш предизвикуваат јавен интерес, особено кога станува збор за прашања поврзани со еднаквост и транспарентност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Центар два месеца не издала одобрение…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
52-годишна жена запалила тревна површина со дрвја,…
51-годишна скопјанка била лишена од слобода под…
Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…
По зголемена појава на глодачи на неколку…
Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…
И оваа учебна година Општина Центар продолжува…
Без струја делови од Карпош, Центар и…
Без електрична енергија денеска ќе останат делови…