Сите осудени до 6 месеци ќе излезат од затворите: Што друго содржи Законот за амнестија што го објави Министерството за правда?
Министерството за правда денеска го објави предлог Законот за амнестија со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела. Се очекува тој да биде усвоен на наредната седница на Владата.
Предлог законот бил доставен и до координаторите на пратеничките групи во Собрание кои треба да дадат свои забелешки и сугестии. Целта е да се овозможи рестеретување во казнено поправните установи со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи, како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа, соопшти Министерството.
Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, да се ослободат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилната пресуда.
„Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела ‘Злоупотреба на службената положба и овластување’од член 353, ‘Несовесно работење во службата’ од член 353-в, сите од Кривичниот законик, за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово-базирано насилство.
Амнестијата не се однесува за кривични дела ‘Разбојништво’ од член 237 став 5 и ‘Разбојничка кражба’ од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела ‘Измама на штета на средства на Европската Унија’ од член 249-а, ‘Перење пари и други приноси од казниво дело’ од член 273, ‘Злоупотреба на службената положба и овластување’ од член 353, ‘Несовесно работење во службата’ од член 353-в, ‘Примање поткуп’ од член 357, ‘Давање поткуп’ од член 358, ‘Давање награда за противзаконито влијание’ од член 358-а и за ‘Примање награда за противзаконито влијание’ од член 359, сите од Кривичниот законик
Амнестијата не се однесува на лицата кои ги сториле делата кои се предмет на амнестија по 1 септември 2023 година.
Амнестијата не се однесува на лицата кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во Република Македонија.
Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон.
Министерството соопшти дека очекува поддршка од сите пратеници за предложеното законско решение.
Целиот предлог закон може да се прочита на следниов линк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО ДПМНЕ: Додека инфлацијата во еврозоната достигна…
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС продолжува со…
Од 2003 до 2026 година: Верижните несреќи…
Двете верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“…
Сиљановска Давкова изрази сочувство до Јотова за…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази сочувство до…
Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше…
Екс студент остави писмени закани до деканот…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…