Сијарто: Последиците од планираниот пакет санкции на ЕУ ќе бидат како “нуклеарна бомба”
Шефот на унгарската дипломатија, Пјтер Сијарто, денеска предупреди дека последиците од планираниот пакет санкции на Европската унија за руските фосилни горива ќе бидат како „нуклеарна бомба“ за енергетската безбедност и економијата на Унгарија.
Сијарто на Фејсбук напиша дека „бриселскиот пакет“ би значел дека цената на горивото ќе скокне на 700 форинти за литар, што е 1,83 евра, а на дизелот на 800 форинти, што е 2,09 евра.
Тој нагласи дека Унгарија нема да поддржи ваков пакет санкции, пренесе унгарската агенција МТИ.
-Нема да дозволиме Унгарците да ја платат цената на војната, рече Сијарто.
Британските медиуми вчера јавија, цитирајќи три неименувани извори од ЕУ, дека Европската комисија предложила промени во планираното ембарго на руската нафта во обид да ги придобие земјите-членки кои велат дека не можат да го поддржат предлогот.
Изменетиот предлог се однесува на давање повеќе време на Унгарија, Словачка и Чешка да се прилагодат на ембаргото и давање помош за подобрување на нивната нафтена инфраструктура, наведоа извори од ЕУ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со…
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше…
ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…
Македонија и во најновиот извештај на Европската…
Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват…
Европската комисија претстави нови насоки со кои…
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…