Сијарто: Унгарија ќе вложи напори за отворање на уште едно поглавје со Македонија

t

„Унгарското претседателство со ЕУ ќе вложи фокусирани напори да ги започне пристапните преговори со Македонија и да отвори барем едно поглавје во преговорите“, рече Сијарто. Кога станува збор за Црна Гора, Сијарто изјави дека унгарското претседателство би сакало да го олесни затворањето на „најмалку седум, но оптимално девет или десет поглавја“ пред крајот на годината, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на маргините на Самитot на НАТО во Вашингтон, пренесува Танјуг.

Пристапувањето на Западен Балкан во Европската унија ќе ја зајакне стабилноста во регионот и безбедноста на континентот, а Унгарија ќе работи на забрзување на тој процес за време на нејзиното претседавање со Унијата, изјави Сијарто.

Сијарто, за време на билатералните разговори со црногорските и колегите од Македонија на маргините на самитот на НАТО, рече дека стабилноста на регионот на Западен Балкан има големо влијание врз безбедноста во Европа. „Бидејќи живееме во сенка на војната во последните две и пол години, не ни треба нов конфликт или нестабилност“, рече Сијарто, соопшти унгарското Министерство за надворешни работи, пренесе агенцијата МТИ.

Сијарто истакна дека последните извештаи од Косово или Босна и Херцеговина „не укажуваат на стабилност или мирен и рамномерен развој“. Зборувајќи за актуелната политика на проширување на ЕУ, Сијарто рече дека таа „го губи кредибилитетот секогаш кога некоја западноевропска или балтичка земја го попречува пристапувањето на Западен Балкан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓани нудат куќи и имот како гаранција…

Граѓани од различни делови на земјава преку…

Муцунски не разговарал за положување цвеќе пред…

Министерот за надворешни работи , Тимчо Муцунски,…

Тошковски нареди внатрешна контрола за случајот со…

По објавите во дел од медиумите дека…

Ѓорѓиевски: Пристигнаа 3.300 нови контејнери за Скопје,…

Пристигна првата испорака – 3.300 нови контејнери…

Невреме со пороен дожд и засилен ветер,…

Променливо облачно време со повремени врнежи од…