Објавено на:

Сијарто: Унгарија ќе потпише договор со САД за соработка во областа на нуклеарната енергија

t

Унгарија ќе потпише договор со САД за соработка во областа на нуклеарната енергија вклучувајќи договор за купување американско нуклеарно гориво и американска технологија за складирање потрошено гориво во нуклеарна централа изградена од Русија, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Договорот ќе биде потпишан во време кога американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да разговара со унгарскиот премиер Виктор Орбан, а се очекува двајцата лидери да разговараат за зависноста на Унгарија од руската нафта, пренесува „Ројтерс“. „Ќе потпишеме голем меѓувладин договор за соработка во областа на нуклеарната енергија со мојот колега, американскиот министер за надворешни работи, Марко Рубио“, рече Сијарто, пренесува „Танјуг“.

Тој рече дека Унгарија ќе купи американско нуклеарно гориво за својата нуклеарна централа во Пакш, која ја изгради Русија, со цел да ги задоволи своите растечки енергетски потреби.

Рускиот „Росатом“ моментно гради два нови реактора во „Пакш“. Проектот за проширување на „Пакш II“, кој значително се одложи, му беше доделен на „Росатом“ во 2014 година без тендер.

Унгарија исто така ќе купи американска технологија, што ќе овозможи безбедно складирање на потрошеното нуклеарно гориво во нуклеарната централа „Пакш“, рече Сијарто во соопштението.

Договорот ќе опфати и мали модуларни нуклеарни реактори, додаде тој. Унгарија е една од ретките земји од ЕУ што одржува блиски односи со Москва по рускиот напад врз Украина и не сака да ја намали својата зависност од руската енергија, според агенцијата.

Трамп го поддржува Орбан, но ги повика европските земји да ги намалат енергетските врски со Москва и да купуваат повеќе енергија од САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…