Сиљановска-Давкова не го открива името на идниот гувернер
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер. Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка.
– Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете со сите кои се споменуваат и да разговарате. Да ги прашате што мислат за другите или што мисли дека тој ќе направи, а не е направено. Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но, тоа не е можно секогаш – изјави Сиљановска-Давкова.
Претседателката требаше вчера да го достави предлогот до Собранието, но, од нејзиниот Кабинет, информираа дека ќе направи дополнителни анализи по што предлогот ќе го достави до Парламентот.
Како што пренесуваат дел од медиумите, како тројца најсериозни кандидати се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.
Мандатот на актуелната гувернерка завршува утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…