Си го покани Лукашенко да ја посети Кина
Белорускиот претседател Александар Лукашенко ќе ја посети Кина на покана на претседателот Си Џинпинг, соопшти денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг.
Чунјинг рече дека Лукашенко, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, ќе биде во Кина од 28 февруари до 2 март.
Белоруските власти ја поддржуваат Русија, од која се финансиски и политички зависни, во нејзината инвазија на Украина.
Лукашенко патува во Кина во моментот на загриженост на Западот дека Кина се подготвува да испрати оружје во Москва.
Белорускиот претседател објави дека ден претходно, на годишнината од почетокот на рускиот напад, имал долг разговор со Путин, пренесува Ројтерс.
Во петокот разговараа и кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг и неговиот белоруски колега Сергеј Алејник.
Кинеското министерство соопшти дека двајцата разговарале за желбата на Пекинг да работи со Минск за продлабочување на меѓусебната политичка доверба.
Лукашенко и Кси најавија сеопфатно стратешко партнерство меѓу двете земји минатиот септември во Самарканд, Узбекистан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
Тошковски горд на полицијата: ФБИ ја потврди…
Кога резултатите од работата на македонската полиција…
Мицкоски: Кога-тогаш и Ива и нејзиниот татко…
Кога-тогаш, Ива Михаилова и нејзиниот татко кој…
Радев контра ЕУ: Го поддржа договорот на…
Лидерите на ЕУ се состануваат во Брисел…
Пожар во трафостаница во Липково, оштетено и…
Пожар избувнал во трафостаница во селото Липково,…