Објавено на:

Си мислеле возат формула: Еден возел 227 километри на час на автопатот Скопје-Тетово, негов „колега“ возел 214 км/ч

t

Полицијата денеска (4 јуни) од 15 до 21 часот на тетовско-гостиварското подрачје спроведе уште една акциска контрола за брзина со која се движат возилата, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. При контролата се откриени и санкционирани вкупно 94 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место.

– Осум од нив биле за возење со над 70 километри на час повеќе од максималната брзина, меѓу кои двајца возачи на автопатот Скопје-Тетово се движеле со 214 и 227 километри на час. Дваесет и едно возило пречекорило од 50 до 70 километри на час итн. При контролата санкционирано е едно пречекорување на пропишаната брзина во населено место и 8 други видови сообраќајни прекршоци. На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби, а некои и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година – соопшти полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица завршија во болница: Тешка сообраќајна…

Три лица се повредени во сообраќајна незгода…

Си мислеле возат формула: Еден возел 227…

Полицијата денеска (4 јуни) од 15 до…

Ако зборувате на телефон додека возите е…

Дејан Стевиќ, потполковник од Управата на српската…

Драма на автопатот Тетово-Скопје: Кумановец лице во…

Кумановецот Африм Исуфи во понеделникот вечерта доживеал опасна средба…

Казнети 23 возачи во Илинден и Петровец…

– Вкупно 23 лица се санкционирани зашто…