Три лица завршија во болница: Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје
Три лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје што се случила околу 15 часот и 30 минути.
Во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот во близина на угостителски објект, се случила сообраќајката меѓу две патнички возила со тетовски таблички и тоа „фолксваген голф” управуван од 62-годишниот Ш.А. од тетовско Желино и „опел астра” што го управувал 58-годишниот тетовец Б.И.
-Во несреќата, возачот на „опелот” и сопатниците од „голфот” Б.А.(27) и 19-годишната А.А. од Желино се здобиле со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…