Си му честиташе на новиот претседател на Иран
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска му честиташе на Масуд Пезешкијан за неговата победа во вториот круг од претседателските избори во Иран, објавија државните медиуми.
-Му придавам големо значење на развојот на односите меѓу Кина и Иран и подготвен сум да работам со претседателот на промовирањето на сеопфатното стратешко партнерство меѓу Кина и Иран, рече Си, пренесен од Ксинхуа.
Си додаде дека Кина и Иран имаат долга историја на пријателски врски и билатерални односи кои траат повеќе од половина век.
Во контекст на сложената регионална и меѓународна ситуација, Си посочи дека Кина и Иран секогаш меѓусебно се поддржувале.
Кина е близок партнер на Иран, негов најголем трговски партнер и главен купувач на неговата нафта под санкции.
Пезешкијан ќе го наследи Ебрахим Раиси, кој во мај загина во хеликоптерска несреќа на северозападот на Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…