Си разменија пушки: Севернокорејскиот лидер од Русија се враќа со специјален подарок

t

Претседателот на Русија, Владимир Путин и неговиот гостин, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун си подарија пушки по средбата на самитот на далечниот исток на Русија, соопшти Кремљ.

Путин се обидува да го зајакне сојузништвото со другите тврдокорни лидери изолирани од Западот, а со Ким се состана во екот на шпекулациите дека Русија и Северна Кореја подготвуваат договор за оружје.

Путин на Ким му даде пушка од нашето врвно производство. За возврат, тој доби пушка од севернокорејско производство – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Путин, исто така, му дал на Ким „ракавица од вселенски костум која била неколку пати во вселената“, пренесе АФП.

За време на средбата, Ким го поканил Путин во неговата земја, а рускиот лидер ја прифатил поканата, објави кинескиот државен медиум KCNA.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски…

Македонскиот режисер Милчо Манчевски освои една од…

Уапсена мајка осомничена за убиство на едногодишната…

Полицијата во Нови Сад ја уапси 33-годишната…

Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…

Унгарија објави дел од достапните податоци од…

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

(Видео) Министерката за образование во БиХ ги…

Министерката за образование во Федерацијата Босна и…