Објавено на:

Скандалозни „докази“ против Новак: Не е доволно да се биде заразен, потребно е да се има – тешка акутна болест

t

Австралиското Министерство за внатрешни работи достави докази против Новак Ѓоковиќ за судењето закажано за в понеделник. Во наводите доставени до судот, Австралија објасни зошто српскиот тенисер и покрај сe немал право на медицинско ослободување кое претходно го добил од надлежните органи.

Продолжуваат скандалите околу медицинското ослободување кое го побара и го доби Ѓоковиќ, а кој трае речиси една недела, недела која српскиот тенисер ја мина во имигрантски притвор во Мелбурн.

Работите ќе бидат решени – а потенцијално нема да бидат – на суд во понеделник , а Австралијците, исто како адвокатите на Ѓоковиќ, ги доставија доказите до судот.

Тие изјавија дека Новак нема право да бара медицинско ослободување (иако го добил по ригорозна проверка) бидејќи не ги исполнувал пропишаните услови, иако надлежните медицински органи ATAGI (Австралиска техничка група за имунизација) од државата Викторија му дале исклучок по наведените „ригорозни проверки“.

Во документите доставени до судот се наведува дека „вакцинацијата против корона кај лицата кои имале инфекција со ковид потврдена со ПЦР тест може да се одложи за најмногу шест месеци по акутната болест“ и со тоа да се добие медицинско ослободување поради одредена акутна болест.
„Вакво ослободување не постоело“, велат од Сојузните власти, но не објаснуваат како српскиот тенисер добил изземање од органите задолжени за издавања дозволи за изземање.

Така, Австралијците тврдат дека во нивните прописи, медицинското ослободување е достапно само за лицата кои не биле во можност да се вакцинираат во претходните шест месеци поради акутна болест предизвикана од корона или на која вакцината може негативно да влијае.

Тие ги отфрлија наводите на адвокатите на Ѓоковиќ, кои во својата документација наведоа дека изземањето вклучува „контраиндикации на вакцината“.

„Тоа само кажува дека е можно да се одложи вакцината. „Тие работи се различни и затоа овој документ користи различни термини за различни концепти“, додаваат Австралијците.

Телото предводено од министерката Керен Ендрјус додаде дека нема докази дека Ѓоковиќ имал „тешка акутна болест“ во декември 2021 година, односно околу 16 декември, кога српскиот тенисер изјавил дека добил позитивен ПЦР тест за Ковид-19.

„Се што рече беше дека е позитивен на Ковид-19. Не е исто. Затоа, ATAGI користи различни термини, како што се „претходна инфекција“ и „симптоматска инфекција“, се објаснуваат во документите.

Во моментов се уште не е јасно зошто одговорното тело (АТАГИ) му дало медицинско ослободување, ако нивните документи содржат правила кои Ѓоковиќ не можел да ги почитува, а кои би можеле да бидат откриени во текот на судењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Обвинителството бара 48 часовен притвор за тројца…

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…