Скандал во Шпанија: Барселона со години давала пари на човек од судиската комисија
Голем скандал го погоди шпанскиот фудбал, а во главна улога е Барселона и поранешниот член на судиската комисија Хозе Мариа Енрике Негреира.
Каталонскиот гигант, наводно, од 2016 до 2018 година му исплатила 1,4 милиони евра за совети поврзани со судиите во шпанското првенство.
Негреира е поранешен шпански судија, а потоа и еден од главните луѓе во судиската комисија во Ла Лига, а покрај тоа имал и приватни бизниси, но најмногу пари заработил од Барселона.
Шпанските медиуми пишуваат дека се води постапка поради корупција против поранешниот судија, а обвинителот во истрагата открил сомнителни работи, меѓу кои и уплати од Барселона.
Од Барселона потврдија дека постоел договор со членот на судиската комисија уште од 2009 година, а договорот е откажан во 2018 година од страна на поранешниот претседател Хозеп Марија Бартомеу, додека во истата година Негреира ја напуштил комисијата.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тепачка со кундак од пиштол и метален…
Вчера во 19:20 часот во СВР Скопје…
Град Скопје најави авионска и терестична дезинсекција…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска…
Рацете на политиката подалеку од образованието, машите…
„Рацете на политиката подалеку од образованието“ –…
Ќе паѓаат ли сметките за струја? Владата…
Цената на електричната енергија останува едно од…
Бројот на заболени од западнонилска треска расте,…
На денешната прес конференција, министерот за здравство…