СКАНДАЛ: Гинекологот Асани кој и извади бубрег на родилка од Дебар сака да биде во раководството на Лекарска комора

t

Изборите за нов прв човек на Лекарската комора на Македонија и воопшто избор на ново раководство минуваат со низа на скандали. Еден од нив, како што тврдат извори на Република, е случајот со струшкиот гинеколог Мухамед Асани. Доктор Мухамед Асани, беше посочуван како главен виновник за скандалот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска. Сега гинекологот сака и по трет пат да биде делегат во Собарнието, а дури и по трет пат дел од Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија.

Асани овие денови е повторно активен со сомнителни чекори. Имено тој свикува средба на огранокот на Комората во Струга за понеделник (денес), а тоа го прави со лепење листови во Болницата во текот на викендов. Или состанокот е закажан за понеделник (денес, 30 мај), а тој ги свикуваше докторите викенодов(28 и 29 мај).Идејата е што помалку доктори да дознаат за средбата“, коменираат нашите извори.

Во јавноста најмногу негативни реакции за Асани имаше во врска со случајот на Веапоска. Во извештајот токму од Лекарсаката комора, подготвен од комисија чии членови не се обелоденуваа во јавност, доктор Асани рекол дека породил машко дете во случајот на дебарчанката Веаповска, а нејзиното дете е женско. Во истиот пишува и дека бубрегот и бил изваден оти имало повреда на артеријата. Инаку Веапоска по породување во август минатата година, се жалела на болки во стомакот. По ова е извршена уште една интервенција, при што и биле извадени бубрегот, матката и јајникот. За овие органи во извештај од патолгија се вели истите биле здрави.

Во меѓувреме, Државниот инспекторат утврди дека докторот Асани прегледувал и на диво во својата ординација дома која не е регистрирана. Скандалот заврши речиси без никаква одговорност на Асани или тој беше само разрешен од функцијата директор на Болницата во Струга.
За овој скандал реагираше и Платформата за родова еднаквост, во која членуваат 24 невладини организации. Оваа невладина побара темелни истраги во врска со случајот со родилката Веаповска од Дебар. Тие бараа одговор за извадените органи, за дивата домашна ординација на гинекологот Асани, кој тогаш беше и директор на струшката болница, и одговорност за несоодветната лекарска помош за пациентката. Тие исто бараа од ЛКМ јавно да ги објави имињата на лекарите што биле дел од Комисијата за стручен надзор. Според нив ЛКМ „не утврдила лекарски пропусти“. Исто така укажаа и на тоа дека треба да се утврди дали има одговорност на Комората поради непрофесионално работење и штитење на здравствен работник кој работи нелегално.

ЛКМ во изминатите години беше во центарот на вниманието и со скандали поврзани со претседателката Калина Гривчева Старделова. Старделова и покрај документ од Антикорупциската комисија дека треба да напушти една од функциите кои ги извршува, дирекор на Клиниката за гастроентерехепатологија и прв човек на ЛКМ, поради конфликт на интереси, таа остана нема и си продолжи со функциите.

Во мај годинава Обвинителството испрати соопштение според кое поранешниот директор на Болницата во Струга, Асани со уште двајца колеги од истата здравствена установа, обвинети се за Тешки дела против здравјето на луѓето, за случајот со родилката од Дебар.Според обвинителниот предлог, тројцата лекари при породувањето на Веаповска во август 2020 година и ја оштетија левата бубрежна артерија и интервенираа дури откако таа паднала во шок поради огромната загуба на крв.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бочварски: 20 милиони евра за изградба на…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…

Најстудено во Берово, најтопло во Дебар

Во Берово утрово е најстудено, со измерени…

Поради сообраќајка, затворен за сообраќај патот Дебар-Центар…

Патниот правец Дебар-Центар Жупа од попладнево е…

По третпат ќе почне од почеток судењето…

По третпат се враќа од почеток судскиот…

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ДЕБАРСКО: Возете внимателно, има…

Доцна попладнево поширокиот дебарски регион беше зафатен…