Објавено на:

Скандал ја тресе Германија: Шолц негира дека затајувал данок

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц, за време на сослушувањето пред истражната комисија на Сенатот во Хамбург, уште еднаш ја отфрли одговорноста во врска со скандалот со даночно затајување на Хамбуршката приватна банка Варбург.

„Немав никакво влијание врз настаните поврзани со даночната пријава против банката Варбург“, рече Олаф Шолц (Социјалдемократската партија на Германија СПД).

Во неговото сведочење пред истражната комисија на Сенатот на градот-држава Хамбург, тој негирал дека политиката имала какво било влијание врз настаните околу казната за даночно затајување во случајот со приватната банка Варбург.

Истражната комисија веќе две години се обидува да одговори на прашањето дали високи функционери на градот Хамбург се обиделе да влијаат врз приватната банка Варбург да се ослободи од враќањето на неправедно платените даноци на државата кои биле платени од финансиските администрации во т.н „cum-ex“ скандал каде банките им помагаа на своите клиенти да избегнат данок на добивката од дивиденди.

Поточно, станува збор за неколку средби на канцеларот Олаф Шолц со претставници на банката Варбург во 2016 и 2017 година, кога Шолц бил градоначалник на Хамбург.

„Никаде нема ни најмала индикација дека имало некакви преговори меѓу врвот на Хамбург и приватната банка“, рекол Шолц. Тој истакнал дека банката подоцна ја платила казната во целост и дека градот Хамбург „не претрпел ни најмала штета“.

Шолц изразил надеж дека по ова сведочење „ќе престанат обвинувањата кои не се засноваат на факти“. Пред тоа опозицијата го критикуваше односот на Шолц кон овој скандал и изрази сомнеж за кредибилитетот на канцеларот.

„За жал, морам јасно да кажам, но: не верувам на ниту еден збор на канцеларот“, изјави претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц. Тој рече дека „нема никој во Германија“ кој верува во толку дупки во сеќавањето на германскиот канцелар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германската буџетска криза нема да пречи на…

И покрај буџетската криза со која се…

Македонската полиција експресно пронајде криминалец баран со…

Германската федерална канцеларија за борба против криминалот…

Анкета: 82% од Германците не ја одобруваат…

Олаф Шолц има најнизок рејтинг на одобрување…

Германската партија во подем е прогласена за…

Безбедносните служби во Саксонија тврдат дека AfD…

Германија: Руската одбранбена индустрија им пркоси на…

Земјата сè уште произведува доволно опрема и…