Скендер Реџепи: Ќе гласам за реконструкција на Владата и за разрешување на Сали

t

Ќе гласам само за разрешувањето на министерот за здравство Беким Сали, но и ќе ја поддржам реконструкцијата на Владата бидејќи јас сум дел од парламентарното мнозинство, изјави за „Слободен печат“ независниот пратеник Скендер Реџепи.

„Ако од мене зависи јас да бидам 61-от глас за разрешување на министрите од Алтернатива, освен за Беким Сали, јас нема да гласам тие да бидат разрешени. Ќе се сретнам со премиерот Димитар Ковачевски и ќе ги кажам забелешките и условите што ги имам. Откако ќе ги соопштам забелешките и условите ќе гласам за реконструкција на Владата, бидејќи јас сум дел од парламентарното мнозинство. Имам забелешка за предлогот за избор на еден министер но тоа ќе го кажам од собраниската говорница – ни изјави Реџепи.

Тој не сакаше да открие со кој од предлозите за министер од Алијанса за Албанците не се согласува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…

Американската влада проценува дека заканата од ирански…

Следува променливо облачно и потопло време, од…

Следува период на променливо облачно време со…

Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…

Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…