Скопјанец доби кривична пријава за даночна измама од 180.000 евра

t

Управата на финансиска полиција поднела пријава против лице и фирма од Скопје за затајување на данок во износ од околу 180.000 евра.

Пријавата е против сопственикот и управител на друштво за консултантски услуги Алтера Консалтинг, и фирмата Алтера Консалтинг, двете од Скопје.

Имено, во август 2021 година, по добивање на решение за утврден данок на додатна вредност, лицето не ги уплатило средствата во определниот рок од 15 дена и парите си ги присвоил за себе и за неговата фирма.

Со оваа постапка, обвинетиот сторил кривично дело затајување на данок и го оштетил буџетот на Македонија за 11.004.500 денари, пишува во соопштението на Финансиската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…

На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…

Газда на фирма не пријавил данок од…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Поверувала дека е во врска со Барон…

Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна…

Откриена голема измама во 15 европски земји:…

Властите од 15 земји разбија голема криминална…

(Видео) Сведоштво на измамениот Петров за лажно…

„Живееме многу тешко. Дома сме со пензија…