Скопјанец почина во пожар во својот дом, неговата сопруга хоспитализирана
– На 18.12.2024 во 00:51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на М.А.(71), информираат од МВР.
При гаснење на пожарот, од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје бил пронајден починат сопственикот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Додека, неговата сопруга А.В.(68) со симптоми на гушење била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа на СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…