Скопјанец украл 45.000 евра од фирмата каде што работел
Скопјанец е лишен од слобода под сомнение дека како вработен во фирма присвоил речиси три милиони денари, информираат од полицијата.
Како што соопштува МВР, вчера околу 17:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле А.В. (35) од Скопје, постапувајќи по пријава поднесена на 4 февруари 2026 година. Според пријавеното, осомничениот во периодот од 18 декември 2025 до 4 февруари 2026 година, во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар каде што работел како менаџер, во повеќе наврати неовластено земал пари од касата.
На тој начин, како што наведуваат од полицијата, на правното лице му била причинета материјална штета во износ од 2.783.867 денари, односно околу 45.000 евра.
Од МВР посочуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 239 од Кривичниот законик за затајување, како и по член 235 за кривичното дело кражба.
НАЈНОВО НА ESPRESO.MK
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон и Санчез го поддржуваат можното враќање…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…
Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
(Видео) Сателитски снимки покажуваат голем облак чад…
Голем облак чад е забележан над нафтениот…