Скопјанка брутално претепана од поранешното момче-ја влечел по темни сокаци во Драчево

t

Вистинска голгота преживеала скопјанка која во средата била жртва на физички напад од страна на поранешниот партнер.

Според кажувањата на оштетената за Слободен печат, нивната врска била завршена одамна но по раскинувањето секојдневно добивала закани по својот живот.

Случајот кулминирал кога поранешното момче со иницијали М.Т насилно ја внел поранешната девојка во својот автомобил по што се упатиле кон Драчево, кадешто ја претепал, ја влечел по земја, и ја искинал облеката, и ги зел личните предмети, по што претепана ја вратил дома.

„Ме однесе во околината на Драчево, по земјени патчиња и ниви, кадешто почна да ме навредува со сите можни погрдни зборови, и физички да ме напаѓа со тупаници, клоци, во пределот на главата, стомакот и по интимни делови, кинејќи ми ја сета облека и повторно физички и вербални напади кадешто ме фрли од автомобилот во нивите, се премисли па ме однесе во мојот стан кадешто искрши се’ наоколу и следуваа нова серија на психичка и физичка напади и тортура. Со закани за смрт за мене и моето семејство.”- изјави жртвата.

Случајот бил пријавен во полициска станица Аеродром вчера во 18 часот по што жртвата имала средба со инспекторки од одделот за семејно насилство. Од страна на надлежните земена е целосна документација и на жртвата и се фотографирани видливите траги од насилство.

По пријавата во полиција, М.Т бил приведен по што после неколку часа поминати во полициска станица бил пуштен на слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за тројца мажи кои претепале две…

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против…

Скопјанка со тврд предмет го нападнала сопругот

Денеска (03.01.2024) во 04.20 часот во СВР…

Скопјанката која беше прјавена за исчезната, се…

На 01.01.2024 во 21.21 часот во Полициската…

Скопјанка брутално претепана од поранешното момче-ја влечел…

Вистинска голгота преживеала скопјанка која во средата…

Двајца насилници влегле во домот на 47-годишна…

Денеска (20.10.2023) во 02:05 часот во СВР…