Скопјанка измамила банкари! Ѝ дале кредит од 600.000 денари!
СВР Скопје информира дека е поднесена кривична пријава против А.О.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина” по член 380 и „измама при добивање кредит” по член 249 од Кривичниот законик.
Како што информираат од МВР, пријавената, со намера лажно да прикаже дека е кредитоспособна, при аплицирање за одобрување потрошувачки кредит во една банка приложила лажна потврда за вработување и лични примања, наводно издаден од јавна здравствена установа од Скопје.
На тој начин ги довела во заблуда одговорните лица во банката да и одобрат ненаменски потрошувачки кредит во износ од 600.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Поверувала дека е во врска со Барон…
Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна…
Откриена голема измама во 15 европски земји:…
Властите од 15 земји разбија голема криминална…
(Видео) Сведоштво на измамениот Петров за лажно…
„Живееме многу тешко. Дома сме со пензија…
Измама од туристичка агенција тешка 87 илјади…
Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и…