Следна дестинација Индија: Припадници на специјалните сили на Македонија дел од воена вежба на НАТО во Грција

t

Припадници на специјалните сили на Македонија, заедно со специјалните сили од уште седум земји и домаќинот Грција, учествуваат во воената вежба „TROJAN FOOTPRINT (TFP) – 24“, што се одржува на грчка територија во рамките на НАТО вежбата „STEADFAST DEFENDER – 24“, јави дописничката на МИА од Атина.

Вежбата на специјалните сили – силите за специјални операции „TROJAN FOOTPRINT (TFP) – 24“, започна на 28 февруари и ќе трае до 15 март, учествуваат специјални сили и средства на Командата за специјални војни на грчката армија, како и припадници и средства од Албанија, Бугарија, Франција, Република Северна Македонија, Велика Британија, САД, Италија и Црна Гора.

Синоќа, на отворениот ден, вежбата на островот Евија ја следеа министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас и началникот на Генералштабот на грчката одбрана Димитрис Хупис.

-Вечерва имавме можност да го видиме исклучителното ниво на професионализам на нашите специјални сили, жени и мажи, но и на специјалните сили од земјите пријатели кои се овде во Грција и се обучуваат со нас, за соработката која е заемно корисна, која има за цел да обезбеди безбедност, стабилност и просперитет на нашите држави и народи, во овој сложен, опасен и брзо менувачки свет, истакна Дендиас.

За време на вежбата, како што информираа од Генералштабот на грчката одбрана, учесниците имаат можност да вежбаат во сложени оперативни сценарија, кои придонесуваат за зголемување на борбената способност, како и за подобрување на интероперабилноста на специјалните сили – силите за специјални операции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп вети пет илјади долари за секој…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно им вети…

Тепачка меѓу навивачите на Работнички и МЗТ…

Физичка пресметка меѓу навивачките групи „Сити Парк…

Техеран тврди: Саудискиот министер за одбрана предупредил…

Иранскиот шеф за национална безбедност, Мохсен Резаи,…

Тврдења за обид да се спречи слетувањето…

Во Полска се појавија медиумски тврдења дека…

Масовна тепачка пред СЦ „Јане Сандански“во Аеродром,…

Масовна тепачка вечерва се случила на крстосницата…