Следува казна: Европскиот Парламет ќе го санкционра Џамбаски за нацистичкиот поздрав?

t

Претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола, го осуди потегот на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој го употреби нацистичкиот поздрав на Хитлер во Европскиот Парламент.

Мецола на нејзиниот Твитер профил напиша:

“За мене е неприфатлив фашистички поздрав во Европскиот парламент – секогаш и секаде.
Тоа ме навредува мене и сите други во Европа.
Ние се залагаме за спротивното.
Ние сме Домот на демократијата.
Тој гест е од најтемното поглавје од нашата историја и мора да се остави таму.”

Денес се појавија слики како бугарскиот европратеник го употребува нацистичкиот поздрав, а што имаше бурни реакции во јавноста.

Подоцна Џамбаски се оправда дека тоа било само невин поздрав и дека немал намера да предизвика немири со употребата на поздравот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчките фармери денес на протест пред Парламентот

Фермери од цела Грција ќе се соберат…

(Видео) Тепачка во албанскиот парламент

На денешната пленарна седница на Албанското собрание,…

Парламентот на Република Српска ја назначи Ана…

Парламентот на Република Српска за привремен претседател…

Дојава за бомба во косовскиот парламент, сите…

Зградата на парламентот во Приштина беше евакуирана…

(Видео) Тепачки и димни бомби во српскиот…

Жесток хаос во моментов владее во Собранието…