Словачка повлече нога: Уште една членка на ЕУ размислува да го плаќа рускиот гас во рубљи – велат тоа не ги нарушува санкциите
Летонската компанија „Latvijas gaze“ ја разгледува можноста рускиот гас да го плати во рубљи, се наведува во соопштението на таа компанија.
„Според првиот впечаток, постапката за порамнување во руски рубљи формално не го нарушува режимот на санкции и е можна“, велат од компанијата.
Се додава дека сега го анализираат новиот начин на плаќање од правен и деловен аспект.
Претходно, претседателот на управниот одбор на „Латвијас Газа“, Ајгарс Калвитис изјави дека не гледа можност за плаќање во рубљи за испорака на природен гас од Русија, бидејќи договорот предвидува плаќање во евра.
Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин и нареди на владата да ги преземе неопходните чекори за да ги префрли сите плаќања за продажба на гас, во која се вклучени и „непријателските“ земји, во руската валута од 1 април. Според Кремљ, промената се однесува на државите кои воведоа санкции кон Русија со намера да и наштетат на економијата на земјата, која ги вклучува повеќето земји-членки на ЕУ.
Путин ги предупреди земјите од ЕУ дека ќе мора да отворат сметки во рубли за да го платат рускиот гас, велејќи дека постоечките договори ќе бидат раскинати доколку не се исплатат плаќањата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…