Објавено на:

Словенија од денеска е членка на Советот за безбедност на ОН

t

Словенија денеска официјално го почна мандатот како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, кој трае до 31 декември 2025 година, а работата на прашањата за светскиот мир и безбедност практично ќе почне утре, бидејќи Палатата на народите денеска не работи поради 1 јануари.

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон на почетокот на својот мандат најави дека ова е одлична можност, но и одговорност, бидејќи и покрај глобалната поврзаност и меѓузависност, сегашната ситуација во светот е „сложена“.

– Затоа ќе вложиме посебен напор да бидеме бранители на мирот, напредокот и безбедноста, најави таа и рече дека тимот во Њујорк, кој ќе го сочинуваат триесетина луѓе, е добро подготвен и многу мотивиран и сака да остави белег.

И премиерот Роберт Голоб смета дека Словенија го почнува својот мандат во време на растечки кризи и предизвици во меѓународната заедница, поради што нејзината улога како непостојана членка е уште поважна. Советот за безбедност на ОН е најважното тело на светската организација што одлучува за прашања од меѓународниот мир и безбедност.

Има 15 членки, од кои пет се постојани (САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција), а десет се избираат со мандат од две години, од кои пет се избираат секоја година од Генералното собрание на ОН. Ова е второ членство на Словенија во Советот за безбедност, каде што беше веќе во 1998 и 1999 година, кога мисијата во ОН беше предводена од подоцнежниот претседател на републиката, Данило Турк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каменичанец изградил поткровје без соодветна дозвола, па…

Жител на Македонска Каменица доби кривична пријава…

ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…

ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе се…

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во…

Медведев: ЕУ е директна закана за Русија

Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…

Европски е што Петар Богојески не е…

Мрежата за заштита од дискриминација ја поздравува…