Словенија постепено ги укинува мерките

t

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 12.137 инфекции со коронавирус и 16 смртни случаи меѓу пациентите, но сите епидемиолошки податоци се во опаѓање, па епидемиолозите најавуваат можност наскоро да се ублажат некои мерки.

Откако изминативе денови помина врвот на бројот на дневни инфекции, се очекува за неколку дена да се намали бројот на хоспитализирани пациенти, а пикот на смртни случаи се очекува следната недела, па владината експертска група за Ковид-19 дозволи да се расправа за постепено укинување на некои мерки, објавија медиумите од извори блиски до власта.

Се очекува дека оваа недела ќе бидат потврдени вкупно околу 60.000 нови случаи на зараза, што е сепак многу, но многу помалку од претходните недели, кога порано имаше 100.000, изјави Јанез Жиберт од Здравствениот факултет во Љубљана.

Матјаж Јереб, член на владината експертска група за Ковид-19, за Словенска телевизија изјави дека мислењата за моменталната состојба и мерките не се униформни, но се верува дека следната недела може да се создадат услови за постепено укинување на одредени епидемиолошки мерки. Сето ова под услов бројот на критични пациенти да почне да опаѓа, рече тој, додавајќи дека е рано да се предвиди како ќе се развиваат работите во наредните недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снег во Хрватска и Словенија

Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената…

Засилени мерки за безбедност во трговските центри…

Министерството за внатрешни работи им порача на…

Речиси 8.000 мигранти илегално влегле во Словенија…

Предлогот за формирање нови центри за азил…

Словенија дава безрезервна поддршка за европската перспектива…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…

Инфлацијата се намали, мерките дадоа резултат, велат…

Мерките и политиките на СДСМ во насока…