Словенија ќе одржи референдум за законот за асистирано умирање на 23 ноември

t

Словенечките власти најавија референдум за 23 ноември за законот што би го регулирал асистираното (потпомогнато) умирање, објавија денеска словенечките медиуми.

Поддржувачите тврдат дека асистираното умирање би им обезбедило достоинство и слобода на избор на луѓето при крајот на животот, додека противниците предупредуваат дека на овој начин би била нарушена уставната заштита на животот, што би ги загрозило ранливите поединци, објави словенечка СТА.

Несогласувањето меѓу над триесет словенечки политички партии по ова прашање е многу остра, со јасна разграничување помеѓу конзервативните, традиционалистички партии и оние што се залагаат за попрогресивни политики.

Противниците на законот за асистирано умирање веруваат дека одбраната на човечкото достоинство е вкоренета во грижата, а не во убиството, и се залагаат за инвестирање во хосписи, палијативна нега и психолошка поддршка, наместо во правна еутаназија.

Најсилното противење на асистираното умирање доаѓа од редовите на конзервативните партии како што се Демократската партија (СДС), Нова Словенија (НСи) и Народната партија (СЛС), кои тврдат дека законот го крши уставното право на живот, ја поткопува медицинската етика и е предмет на можна злоупотреба

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен полицаец година и пол работел на…

Сериозни пропусти во работата на полицијата се…

Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…

Полициски службеници од СВР Охрид на 26…

Невреме со град и поројни дождови ја…

Силно невреме проследено со град, обилни врнежи…

Оса уби свештеник во Словенија – го…

Словенечкиот католички свештеник Роберт Емершич почина по…

Хаос во Словенија: Силна бура активираше 50…

Силно невреме проследено со обилни врнежи предизвика…