Случајот за Беланоца/Барон ќе падне поради незаконски прибавен доказен материјал?

t

Припадниците на групата Беланоца/Барон на денешното рочиште во судницата во Идризово се изјаснија дека не се виновни за делата кои им се ставаат на товар.

Гани Марку кој е обвинет за убиството на Орхан Бајрами Оки до судот и до Обвинителството достави телефонска комуникација преку која како што тврди, вицепремиерот Изет Меџити непосредно влијаел врз обвинителката Верица Бержетска Крстева да им се суди без докази.

Одбраната на обвинетите тврди дека единствените докази на Обвинителството се обезбедени преку посебни истражни мерки, односно нивните клиенти биле прислушувани во затворски ќелии додека извршувале казна за други кривични дела и додека разговарале меѓу себе. Одбраната тврди дека аудио записите се прибавени на незаконски начин.

Дел од разговорите кои се воделе во ќелиите меѓу обвинетите беа пуштени на минатото рочиште во воведниот говор на обвинителката.

Вкупно се гонат 9 лица, а меѓу нив е Акиф Равмановски, кој важи за лидер на Барон.

Логично се поставува и прашањето дали доколку прислушувањето било незаконски тоа ќе биде причина целосното обвинение да падне.

Доколку одбраната докаже дека доказниот материјал е прибавен на незаконски начин, истите материјали не можат да бидат користени во судската постапка, за што ќе треба да се утврди соодветна одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски за брзо ќе ја чита…

Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон…

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

При претрес на затвореник во Идризово најдена…

Полицијата добила пријава од затворот Идризово дека…

Тепачка меѓу затвореници во „Идризово“, еден заврши…

Еден затвореник е повреден во тепачка со…