Сметките за струја од 1 јануари повисоки, наместо 5 % ДДВ ќе биде 10%

t

Престанува важноста на повластената стапка од 5% за ДДВ-то кое го плаќаат домаќинствата за потрошена електрична енергија и се зголемува на 10 отсто. Овие пари веќе се пресметани во буџетот за наредната година. Тоа значи дека на сметка од три илјада денари зголемувањето ќе биде 300 денари. Но, ова нема да биде единствена нагорна промена во сметките. Надлежните во повеќе наврати веќе најавија дека по Нова Година се очекува мало зголемување на цената на струјата, поради зголемените трошоци на енергетските компании. Но, крајниот збор сепак ќе го има Регулаторот кога на крајот од годинава ќе ја крои новата цена.

Активистите се спротивставуваат на ваквите најави. Сметаат дека ова ќе претставува голем удар за домаќинствата, бидејќи во време на криза ќе имаат уште поголеми тешкотии да ги подмират своите сметки. Бараат повластена стапка од 5% да продолжи и во наредниот период или државата да донесе и други мерки со кои ќе ги помогне граѓаните.

„Секако добро ќе им дојде на граѓаните, но и компаниите кои се на тој пазар да продолжи вакви мерки да се преземаат. Да остане ДДВ-то на 5% да не се менува, особено во ваква ситуација. Не се знае како ќе оди цената на струјата, но секако ќе оди нагоре. Ако се остави вака кризата ќе се продлабочува ќе имаме и поголема инфлација. Секако ова ќе биде голем удар за домаќинствата.“ изјави за Канал 5 Марјан Ненов, активист.

Инаку ДДВ-то од 18 на 5% се намали минатата година со цел да нема ценовен шок за граѓаните од енергетската криза. Предвидено беше од 1ви јули годинава да се врати на 10%, но тоа се пролонгираше.

Стапката од 10% ќе се применува до јуни наредната година, а потоа е предвидено да се врати на 18 отсто.

А, државните електрани ќе бидат на вистински тест зимава, бидејќи од капацитетите стари повеќе од 30 години се очекува значително зголемување на производството од први декември, кога освен домаќинствата ќе треба да ги задоволи потребите и на 800 фирми од прехранбениот сектор, основните и средни училишта како и дел од јавните претпријатија. Експертите во повеќе наврати коментираа дека се скептични дека ЕСМ ќе го помине тестот.

Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова е иранецот кој ги координирал терористите!…

Петмина македонски државјани се уапсени во Македонија…

Падна доверливата комуникациска мрежа на американската НСА,…

Висококласифицираната мрежа што американската Агенција за национална…

(Видео) Затворен е мостот на Крим по…

Украина предизвика сериозни оштетувања на Кримскиот мост,…

Танкер потона во близина на бугарскиот брег…

Танкерот „ГАС ХАСКИ“ потона околу 50 милји…

„Имам голем проблем да барам од вас…

Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате…