Собирот на регионалните лидери во Скопје е потврда за Западен Балкан дека знае да соработува независно од ЕУ

t

Скопје денес и утре ќе биде домаќин на самитот „Западен Балкан и ЕУ“ и на лидерската средба за планот за раст за Западен Балкан. Според најавите свое присуство потврди српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот и косовскиот премиер Еди Рама и Албин Курти, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, како и генералниот директор на директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување Герт Јан Копман.

Интересно е што засега за првпат присуство најави и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан. Собирот во Скопје според познавачите на приликите станува збор за уште една можност дека регионот знае да соработува независно од ЕУ.

Васко Наумовски универзитетскиот професор и поранешен вицепремиер за европски интеграции вели дека собирот на регионалните лидери во Скопје, чиј домаќин е премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, е добра можност да се покаже дека Западен Балкан може да соработува независно од Европската Унија.

Наумовски, кој беше потпретседател на Владата на Македонија за евроинтеграции и амбасадор во САД, вели дека имајќи предвид дека нашата заедничка иднина лежи во полноправното членство на сите земји во ЕУ, треба да го поздравиме сето она што може да придонесе за постигнување на таа цел, особено ако зборуваме за иницијативи кои бараат поголема економска соработка на балканските земји, како што е Опен Балкан.

„Верувам дека лидерите на регионот ќе разберат дека иднината на нашите граѓани е во ЕУ и дека треба да ги оставиме зад себе сите поделби, омраза и сета негативна енергија, сето тоа, за жал, е препознатливо за Балканот и го одбележа изминатите децении. Со поддршка од ЕУ и нашите пријатели од САД, ќе успееме тоа да го надминеме а време е да покажеме дека имаме конкретни резултати на овие полиња“, посочува Наумовски за Косово-онлајн.

Кога станува збор за средбата посветена на планот за раст на Западен Балкан, Наумовски посочува дека сите идеи на лидерите од Балканот за конечна стабилизација на регионот се компатибилни и со идеите на ЕУ.

„За жал, проширувањето на ЕУ во моментов не е толку многу на агендата, туку треба самите да завршиме дел од работата. Да се покажеме дека сме способни да соработуваме без ЕУ, дека сме способни да ги исполниме сите тие суштински критериуми за членство, за кога ќе дојде моментот ако преговараме и формално да докажеме дека ги исполнуваме тие преговори, да го скратиме преговарачкиот период и што поскоро да станеме дел од ЕУ“, заклучува Наумовски.

Тој за Косово – онлајн вели дека секоја иницијатива која подразбира зголемена комуникација и соработка меѓу земјите од регионот е добредојдена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…

Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…