Објавено на:

Собир за поддршка на Вучиќ најавен во Куманово

t

Со повик за поддршка на претседателот на Србија Александар Вучиќ, в сабота, во Куманово, пред српскиот конзулат во градот е најавен собир. Организатор е здружението „Мир, слога, стабилност“ кое и претходно се појавуваше како организатор на граѓани кои одеа на митинзи во Србија за поддршка на Вучиќ.

Инаку, Студентите во Србија најавија нов студентски митинг токму на на 23 мај (сабота) на плоштадот „Славија“ во Белград. Тоа е само првиот од серијата што го промовираат како дел од кампањата „Студентите победуваат“.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, во изјава за „Слободен печат“ вели дека е информиран за собирот, но како што нагласи, и покрај тоа што добил покана, нема да присуствува.

– Јас имам покана, но физички не сум присутен во Куманово и нема да одам – ни рече Димитриевски кој не сакаше да коментира дали поддржува ваков протест да се одржи во неговиот град.

Фото: Повикот за собирот објавен на социјалните мрежи

Тој посочи дека до Општината нема пристигнато барање за обезбедување на јавен простор од организаторите.

– Кога се прави митинг на јавен простор, се бара согласност од Општината за обезбедување на јавен простор, но такво барање до нас не е пратено. Тие си организираат собир во конзулатот и тука не може да се мешаме – вели Димитриевски.

Од МВР, пак, нѐ информираа дека митингот е пријавен од организаторот Здружението „Мир, слога, стабилност“.

„Слободен печат“ го праша и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците и лидер на Демократската партија на Србите Иван Стоилковиќ дали ќе го поддржи протестот, но тој нѐ информираше дека ќе патува за Кина.

Со реакција за собирот се јавија од опозицискиот СДСМ од каде обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ организира граѓани на Македонија за митинг во поддршка на Вучиќ, што според социјалдемократите, е срамно мешање во внатрешните работи на друга држава.

„Како што месеци наназад предупредувавме дека Вучиќ управува со Македонија, сега ВМРО директно организира граѓани на Македонија за контрамитинг во Белград во поддршка на Александар Вучиќ. Вицепремиерот Иван Стоилковиќ, најблискиот соработник на Мицкоски, учествува во ова организирање по договор со Милош Вучевиќ од пред неколку дена. На плакатот што го шират низ Македонија јасно се гледа: собирање и поаѓање на митингот пред српскиот конзулат во Куманово, со цел да се поддржи Вучиќ. Ова е срамно мешање во внатрешните работи на друга држава“, реагираа од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…

Од силен ветер падна парче лим од…

Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…

Фон дер Лајен и Кошта по средбата…

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…

Нов случај на затруено дете во Куманово,…

Уште еден нов случај на затруено дете…

Костовски: Советник од ЗНАМ нападна активисти на…

Во пресрет на завршувањето на изборната кампања,…