Собранието ги изгласа измените за ДДВ на производи од Тему и Али Експрес – Владата ги уверува граѓаните дека нема да платат ниту денар
Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува досегашното ослободување од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. Од Министерството за финансии појаснуваат дека мерката има цел да ја зајакне домашната економија, да ги поддржи локалните компании и да стимулира отворање нови работни места.
Од МФ истакнуваат дека укинувањето на ослободувањето од ДДВ ќе го пренасочи дел од прометот кој досега одел кон странските онлајн платформи. Според нивните процени, околу 4 милиони денари месечно ќе останат во домашното стопанство, што ќе придонесе за раст на локалните фирми, подобрување на условите за работа и зголемување на платите на вработените.
Во Министерството нагласуваат дека новите правила ќе помогнат и во намалување на сивата економија. Досегашниот систем, велат тие, дозволувал можност за злоупотреби – увезени стоки без платен ДДВ понатаму се продавале на домашниот пазар. Со измените се спречува оваа практика и се обезбедува пофер и поконтролирана пазарна средина.
Од МФ уверуваат дека дополнителниот трошок за пресметка и наплата на ДДВ нема да го почувствуваат граѓаните, па затоа не се очекува поскапување на производите за крајните потрошувачи. Мерката, како што посочуваат, воспоставува фер конкуренција меѓу домашните и странските онлајн продавници.
Со усвојувањето на измените, државата испраќа јасен сигнал дека стои зад компаниите кои создаваат додадена вредност, инвестираат во развој и генерираат нови работни места во земјата, порачуваат од Министерството за финансии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски најави ново намалување на ДДВ за…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува…
Владата денеска на вонредна седница ќе го…
Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница…
EУ го казни Тему со 200 милиони…
Eвропската Унија го казни кинескиот гигант за…
Намалувањето на акцизите и на ДДВ-то за…
Владата денеска на вонредна седница до 1…
Мицкоски: ДДВ за дизелот останува 18 проценти,…
Во овој момент остануваме на мерката намалено…