Собранието не ги почитува ни загинатите ни живите во Кочани, реагира в.д. градоначалникот Крстевски
Скандалозна е изјавата на собранискиот спикер со која се обидува да ја оправда непочитта на настраданите во трагедијата во Кочани и неработата на македонскиот законодавен дом по немилиот настан, смета в.д. градоначалникот на општината, Венко Крстевски.
„Наместо да се прекинат лошите практики од минатото, парламентарците во нив наоѓаат изговор за да не организираат комеморација за жртвите на корупцијата. На овој начин се покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани. Со ова, првиот меѓу еднаквите народни избраници докажа дека токму тие се показател на општествената летаргија во која е потоната Македонија“, реагира Венко Крстевски, в. д. градоначалник на Општина Кочани.
Крстевски смета дека Собранието на Македонија со ништо не му помогна на Кочани во најтешките денови и упати повторен повик државните институции да не заборават дека на Кочани му е потребна итна рехабилитација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…