Советник во Шуто Оризари од Алијансата за Албанците дел од криминалната група на Шеваљ Муареми
Советникот во Шуто Оризари од Алијансата за Албанците, Севдаир Азири е дел од меѓународната криминална група на чие чело бил Шеваљ Муареми е помеѓу шестмината уапсени, како осомничени дека биле дел од групата.
Апсењата доаѓаат по полициската акција во Грчец, Дуќанџик, Чаир но и на неколку други локации, каде осомничените имале луксузни куќи, недвижности и луксузни угостителски објекти кои како што кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, веќе се дел и предмет на финансиски истраги, со цел нивна конфискација.
Криминалната група според Спасовски, вршела убиства, но и носела кокаин од земјите од Латинска Америка до држави од Европската Унија, а дел од кокаинот бил наменет и за нарко пазарот во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…
Египет стави исламско здружение од Македонија на…
Македонско исламско здружение се најде на списокот…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…