Советник на Курти: Да бев во Македонија ќе гласав за промена на Устав, да бев во ЕУ ќе им ставев вето на словенските владетели што разбираат само сила
Близок соработник и политички советник на косовскиот премиер Албин Курти, Хусамедин Ферај, на крајно навредлив начин ја исмева Македонија и нејзиното раководство, во колумна во која им порача дека разбираат само сила, а не логика и правда. Тој пишува:
„Да бев албански државјанин во Македонија. Ќе ја поддржев предложената промена на уставот, онаа поврзана со Бугарите.
Ќе сфатев дека македонските словенски владетели разбираат само сила, но не и логика и правда.
Ќе го сфатев ова затоа што само благодарение на силата на Грција го сменија името на Републиката, а само благодарение на силата на Бугарија ги внесуваат Бугарите во нивниот Устав.
Би прашал дали ја имам таа сила, каде и во што се крие.
Би разбрал дека силата на Грција и Бугарија лежи во можноста да го запрат членството на РМ во ЕУ.
Да ја имав и јас оваа моќ, а ја имам ако имам волја, ќе ја искористев. Но, потребна е волја.
Ќе сфатив дека одложувањето на членството во ЕУ ќе ме чини нешто мене и моите сограѓани од сите етникуми. Но и дека тоа би било повистинито и поисплатливо и за мене, за Републиката (сограѓаните од другите етникуми) и за ЕУ. Јас би ја добил еднаквоста на мојот колективитет меѓу другите, Републиката би била поверна на себе (нејзината етничка реалност), ЕУ би била поштедена од интернализирање на етничкиот конфликт (омраза) на владата на МВ кон Албанците. Сите партии само победуваат, нема поразени, пишува меѓу другото Ферај во колумна за Лајмпрес.“
Хусамедин Ферај е инаку советник во кабинетот на косовскиот премир Албин Курти, кој е лидер на партијата Самоопределување. Од февруари 2022 Ферај е назначен од Курти како член на меѓународниуот Координативен секретеријат за надгледување на спороведдувањето на спогодбите потпишани меѓу владите на Косово и Албанија. Според медиумите во Приштина, Ферај е најблискиот соработник на Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најава за нови апсења на Косово, дали…
Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
ЕУ најавува план за забрана на социјалните…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…