Објавено на:

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за палењето на Куранот во Шведска

t

На барање на Пакистан, Советот на ОН за човекови права ќе свика итен состанок за неодамнешното палење на Куранот пред шведска џамија, изјави во вторникот во Женева портпаролот на телото.

Според барањето добиено од Исламабад во понеделник, Советот ќе одржи итна дискусија „за алармантно зголемување на предумисла и јавни дела на верска омраза што се манифестира со актуелното сквернавење на Светиот Куран во некои европски и други земји“, кажа тој.

„Дискусијата најверојатно ќе се одржи оваа недела“, додаде портпаролот.

Палењето на Куранот беше првиот инцидент од ваков вид во Стокхолм по неколку месеци. Полицијата во шведскиот главен град дозволи демонстрациите да се одржат откако слични активности беа забранети во февруари.

Шведските судови пресудиле дека полицијата нема право да одбие барање за палење на Куранот. Шведската влада рече дека демонстрациите биле дозволени според законите за слобода на изразување, но не биле соодветни.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан повторно го осуди палењето на Куранот и го критикуваше шведскиот безбедносен апарат што не спречува вакви инциденти. Имајќи го тоа на ум, за Турција е дискутабилно дали членството на Шведска во НАТО ќе помогне да се зајакне алијансата или ќе предизвика повеќе проблеми, рече Фидан во вторникот, според државната новинска агенција Анадолија.

Палењето на Куранот предизвика протести во Иран и Ирак и предизвика официјални протести од земјите со мнозинско муслиманско население.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведскиот парламент изгласа намалување на возраста за…

Шведскиот парламент гласаше за намалување на возраста…

Разбиена руска шпионска операција во Шведска

Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…

Гутереш повика на укинување на сите санкции…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…

Шведска усвои закон за мигранти — кој…

Шведскиот парламент гласаше за заострување на законите…

Шведска пресретна два руски борбени авиони

До ова дошло во два наврати во…