Солза Грчева веќе нема да биде против Бугари во Устав ако добие вработувања и министри во новата влада
Претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева, денеска во изјава за Инфомакс рече дека официјалните органи на нејзината партија не заседавале во врска со идејата за широка коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ поради телесна повреда и здравствени проблеми кои ги има Грчева во моментов, но дека партијата како дел од коалицијата “Обнова на Македонија” ќе го поддржи барањето на ВМРО-ДПМНЕ за широка влада.
– Ние како партија заради мојата состојба не сме разговарале со коалицијата, јас бев поканета неколку пати на средби но не присуствував заради оваа ситуација, во секој случај го делиме мислењето на коалицијата.
Начелно, она што доаѓа како предлог од опозицијата би го поддржале, вели Грчева која изјави дека партијата ќе предложи сопствени кадри за раководни позиции.
-Апсолутно да, би предложиле кадри за министерски и заменик-министерски места, нашите членови се многу интелектуалци, изградени во секој поглед личности, така да верувам дека во коалицијата би си нашле соодветно место во таа широка влада, вели Грчева.
По вчерашната лидерска средба меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски двајцата претседатели на партии изјавија дека уставните измени може да се случат, но барање на ВМРО-ДПМНЕ е претходно формирање на широка владина коалиција меѓу овие партии, а без ДУИ.
Од ДУИ вчера потврдија дека се подготвени да излезат од Влада доколку тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи уставните измени. За ваквиот предлог Ковачевски најави официјални разговори во највиоските партиски тела на СДСМ во текот на утрешниот ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…
Економските резултати се мерат со бројки, а…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…
Со нови проекти, нови производствени капацитети и…
СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…
Откако СДСМ побара да се објават анализите…
ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски…